Резултати од државната матура, средната оценка по двата екстерни предмети 3.61
Матурантите државната матура ја положија со четворка. Во ковид услови, преку он лајн настава и скратени материјали покажаа среден успех по двата екстерни предмети - 3,61 што преведено во училишна оценка е многу добар 4.
Симптоматично според комисиите е што средношколците пишувале исти статуси по одредени предмети.
Сите матурантите кои се незадоволни од резултатите во наредните три дена ќе имаат право на приговор, чие поднесување чини 1.500 денари.

