Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ

До крајот на неделава ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на земјата и одредување на црвените линии, најави денеска пратеникот Тимчо Муцунски.

- Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи, очекувам резулуцијата да биде поденсена во текот на утрешниот ден или најдоцна до крајот на неделата, изјави Муцунски. 

Според мининстерот за наворешни работи пак Бујар Османи целиот процес треба да започне од нула, бидејки како што вели тој за утрински брифинг од државна можеме да преминеме во етничка позиција. 

- Најголемата грешка што може да ја направиме сега е, од една државна позиција која има кредибилитет пред светот, некој сега да ја претвори повторно во етничка. Ако поради некои политички, партиски амбиции, овој државен консензус што го постигнавме некој повторно да го претвори во етничко прашање, тоа ќе биде најголемата штета што може да се направи. - изјави Османи.

За Муцински, ваквата изјава на Османи е теснопартиски поврзана со ставовите кои ги има ДУИ. Тој смета дека нема зошто да се преговара, туку само може да се разговара за некои детали и за истото да се дебатира во Собранието. 

- Дали тука во Собранието може да подготвиме нешто што е подготвено во МАНУ и УКИМ, јас не гледам. Ова е содржината за која што треба да разговараме и во Собранието да дебатираме, па да видиме дали има можност за консензус“, вели Муцунски.

И од владата денеска со став дека индетитетските црвени линии се јасни, а за резулуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се расправа возаконодавниот дом.

 - Собранието е да предлага да расправа и да одлучува за резолуции и слични документи и иницијативи. - изјави Душко Арсовски.

Вицепремиерот пак Артан Груби во изјава за Плус Инфо вели дека ДУИ ја поддржува резулуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, но бараат таа да биде усогласена со сите партии. 

Свој став за резулуцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се очекува и од од Коалицијата Алијанса и Алтернатива кои известија дека во текот на утрешниот ден нивниот став ќе биде официјално соопштен.