Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев

Во Клиниката Жан Митрев направена е сложена хибридна процедура - имплантација на биолошка валвула на 74 годишна пациентка во тешка општа состојба со нарушена функција на бубрезите и поставена на апарат за дијализа. Овој метод е реткост во светски рамки. Тимот составен од кардио-хирурзи и интервентни кардиолози, направи успешна процедура, без класична операција.