Револуционерен исчекор во медицината во земјава – прва трансплантација на срце
Foto

Револуционерен исчекор во медицината во земјава – прва трансплантација на срце

Шест часа им беа потребни на македонските доктори за да го пресадат првото срце од починат дарител во телото на 54 годишниот Иван Огњановски од Скопје и со тоа да го спасат неговиот живот.  

Тимот лекари предводени од кардиохирурзите д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, д-р. Жан Митрев од истоимената клиника и проф. д-р. Александар Николиќ од Аџибадем Систина како и д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ ноќеска за прв пат во македонската медицина направија исчекор напред со трансплантацијата на срце откако 43 годишна жена почина во сообраќајна несреќа, а семејството Диневи одлучи да го донира нејзиното срце и двата нејзини бубрези. 

Васил Огњановски, синот на пациентот кому ноќеска му беше трансплантирано срце изрази големо сочуство до семејството на починатата жена од кое неговиот татко го доби срцето.

Националниот координатор за трансплатација Др. Маја Мојсова Мијовска потенцираше дека одлуката на семејството Диневи да ги донираат органите на својот член од семејството е почеток на отворање на темата за дарување органи. 

Министерот за здравство Венко Филипче пак рече дека со првата трансплантација на срце во Македонија се испишува историја но сепак, додаде тој, борбата е на почеток.

Во постапката на пресадување на срце беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија, од Институтот за радилогија и лекарите од Клиниката за нефрологија. 

Информацијата дека семејството Диневи покажа големо човекољубие и ги донираше органите на нивната најблиска Емилија наиде на голем одек во јавноста која веќе им го даде епитетот „херои“.

0 Коментари

Остави коментари