Револтот кај сопствениците на објекти на охридските плажи не стивнува - надлежните немаа слух за нас
Foto

Револтот кај сопствениците на објекти на охридските плажи не стивнува - надлежните немаа слух за нас

Рушењето на нашите објекти ќе остави многу семејства без работа и егзистенција и тоа во време на корона-криза велат екс-концесионерите на плажата „Канео“ каде вчера почна, а денеска продолжи интензивно да се урива ѕидот и платформата.

Револтирани се оти локалната власт немала слух и волја заедно со сите нив кои со години концесираат со крајбрежјето да изнајде заедничко решение кое нема да донесе штета како сега.

Обвинуваат и дека уредбата за рушење се спроведува селективно.

Кога ќе заврши уривањето на целото крајбрежје, од општината најавуваат дека плажите ќе се уредуваат според препораките на УНЕСКО, но како тоа конкретно ќе изгледа во пракса не прецизираат.

Нема информација ниту за тоа кога ќе почне рушењето на дивоградбите кај чинарот, во Лагадин, бетонската база и уште многу други нелегални градби во заштитетниот појас кои ќе треба со сигурност да се уриваат. Се уште не се руши ниту на струшкото крајбрежје и покрај уредбата, а поголем дел од тамошните плажи работат во континуитет.

0 Коментари

Остави коментари