Ревизорски извештај за Академијата за судии: Пари за седници без присуство, спорни исплати и набавки без тендер

Спорни исплати на надоместоци, прекршувања на процедурите за јавни набавки и слабости во контролата на трошењето на јавните средства ...Државниот завод за ревизија откри повеќе неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители ..Ревизорите утврдиле исплати на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет, во полн износ на месечно ниво, без да се земе предвид присуството на седниците...во одредени случаи исплати биле вршени и во месеци кога не биле одржани состаноци ... Се делеле и и картички за гориво кои наместо за службени потреби, се користеле за приватни цели..

Државниот завод за ревизија: „Врз основа на договор по спроведена јавна набавка добиени се вредносни картички за набавка на гориво во вкупен износ од 325 илјади денари, од кои дел, по усно укажување биле дадени на членови на Комисија за приемен испит и истите биле користени за точење гориво во приватни моторни возила. “

Ревизијата утврдила и надминување на законски утврдениот максимум за прекувремена работа и дека не е извршено претходно писмено известување до подрачниот инспектор на труд за воведување прекувремено ангажирање на вработените...исто така имало и исплата на прекувремени часови , кога вработените биле на службен пат во странство ..

Државниот завод за ревизија: „За тројца вработени исплатени се вкупно 864 часови за прекувремена работа што претставува надминување за 294 часа од законски утврдениот максимум од 570 часа. Извршени се исплати на додаток на плата за прекувремена работа за вработено лице во денови кога му е изготвено Решение за службено патување во странство и за истото му се исплатени дневници, како и за присуство на седница на Управен одбор која се одржала во текот на полното работно време.“

Академијата за судии и јавни обвинители исплаќала координатори чиј статус не е законски утврден..Државниот ревизор утврдил неправилности во исплаќање на плати на ментори во академијата , односно биле исплаќани и три месеци по завршување на ангажманот...