Ревизорите ќе го „чешлаат“ тендерот во ДИК, но нема вонредно да влегуваат
Foto

Ревизорите ќе го „чешлаат“ тендерот во ДИК, но нема вонредно да влегуваат

Милионскиот тендер за терминали за отпечаток на прсти во ДИК ќе го чешла и Државнот ревизор, но откако ќе заврши тендерската постапка.

Од ДЗР за ТВ 24 велат дека ревзија која што тукушто завршила, не го опфатила тендерот, бидејќи не бил во временскиотг период склучен, но најавуваат дека следната ревзија, кон крајот на годината тендерот ќе се чешла. Сепак вонредно влегување во ДИК нема да има. 

- Информациите кои ги барате, а кои се однесуваат на постапките за јавните набавки кои се отпочнати по датумот  за извршената ревизија во ДИК  не се предмет на извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државната изборна комисија за 2019 година, но претставуваат предмет на интерес на Државниот завод за ревизија бидејќи се работи за користење на јавни средства. 

Од фирмата која треба да ја снабди државата со терминали за земање отпечаток од прст, иако испратија писмен допис до ТВ 24 одбија да одговорат на нашите прашања, бидејќи чекале и официјална потврда дека го добиел тендерот.

- Постапката за тендерот за изборите во Северна Македонија не е се уште завршена и ние очекуваме официјалните резултати да бидат објавени на почетокот на август. Затоа Ве молиме за разбирање дека ние дотогаш не можеме да коментираме за овој процес бидејќи се уште е во тек. - велат од „Дермалог“.  

ТВ 24 веќе објави дека Бирото за јавни набавки прави управна контрола. Откако ќе заврши управната постапка, следува жалбената постапка. Извештајот на контролорите од Бирото за јавни набавки го чекаат и антикорупционерите.

Тендерот е тежок 11,2 милиони евра, од кои како што велат од ДИК, пари има за 4000 терминали, со се софтвер, 60 месеци одржување на истите, како и обука а околу 100 членови на ДИК кои потоа ќе треба да ги обучат новите избирачки одбори.

Фирмата „Дермалог“ го доби без електронска аукција и без можност за намалување на цената, бидејќи останатите три фирми, комисијата во ДИК составена од членовите на ДИК од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за албанците утврди дека ги немаат исполнето условите. 

0 Коментари

Остави коментари