Ревизијата откри низа неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви
Намалени резерви на нафта и нафтени деривати. Шестотини тони мазут земени од Министерството за одбрана во 2017 година се уште не вратени.
Државниот завод за ревизија утврди серија пропусти и неправилности во агенцијата за задолжителни нафтени резерви. Ревизијата покажала дека значителни количества мазут биле повлечени од резервите и за потребите на ЕСМ...Во декември 2024 година, Владата без надомест му отстапила на државното претпријатие повеќе од 10 тони мазут... Веќе следната година, со нова владина одлука , на ЕСМ му биле отстапени уште 5 тони мазут, иако , како што велат од ДЗР, законот предвидува во услови на енергетска криза дериватите да се издаваат како краткорочна позајмица..
Државен Завод за Ревизија
„Иако издадените количини се во рамки на законски утврдените количини согласно член 36-ѕ12, нивното намалување за 75% во рок од скоро една година придонело резервите на нафта и нафтени деривати кои пред нивното издавање овозможувале покриеност од 52 дена, да се намалат и да обезбедат 42 дневна покриеност.“
Ревизорите утврдле и дека во период од неколку години не бил доставен предлог-одлука до надлежното министерство за количината и структурата на задолжителните нафтени резерви. ..
Државен Завод за Ревизија
„За 2022 и 2023 година Владата ги нема донесено потребните одлуки за количината и структурата на задолжителните резерви. Агенцијата иако навремено ги доставила предлог-одлуките за задолжителни нафтени резерви за 2022 и 2023 година до Министерството за економија (тогаш надлежно министерство за работите од областа на енергетиката), истото не постапило согласно своите надлежности, поради што Владата не ги донела потребните одлуки. За 2024 година не е доставена предлог-одлука до Министерството за економија, а поради не функционалност на новото министерство- МЕРМС, не е доставена предлог-одлука и за 2025 година “
Ревизијата покажала и дека има слабости и во законската регулатива, нејасни правила за усогласување на вредноста на залихите, неусогласеност на надлежностите за донесување подзаконски акти меѓу Владата и Министерството за енергетика.. Ревизорите откриле и дека бодовите врз основа на кои се пресметувале платите биле повисоки од оние утврдени со Законот за административни службеници. Поради ова, биле исплатени околу 1,024 милиони денари повеќе.
Од државниот завод за ревизија велат и дека при ревизијата за 2018 година биле констатирани слабости...Дел од дадените препораки во меѓувреме биле реализирани, дел се уште се спроведуваат, а една останала нереализирана.

