Ревизија за СОЗР во 2024: Утврдени неправилности

Државниот завод за ревизија  утврди низа неправилности во  работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата за 2024 година. Во извештајот на ревизорите пишува дека од извршените услуги во рестораните и бифеата со кои управува Службата остварени биле приходи наплатени во готово во милионски суми но уплатениот дневен пазар во одредени периоди од годината бил  со значително низок износ.

Ревизорот констатирал и дека паричните средства од дневниот пазар не се уплаќаат редовно на сметката на службата, односно уплатата во корист на Трезорската сметката на службата се врши со задоцнување од неколку месеци, а исто така има и уплати на дневен пазар кој потекнува од 2023 година.

Надлежните лица во службата образложиле дека им се расипал апаратот па не издавале фискални сметки за трошењето во бифеата. Во Извештајот стои и дека во последните три тендери за набавка на автомобили учествувал само еден понудувач.