Ревизија: Системски слабости и неправилности во Бирото за развој на образованието
Повеќе од 5 години на раководна позиција, но како вд директор, непрецизност во начинот на пресметка на надоместоците на надворешните соработници, недостаток на финансиски средства за обуки на наставници во основно и средно образование - ова се дел од системските слабости во работата на Бирото за развој на образованието утврдени во новиот ревизорски извешетај.
Во текот на 2023 година, со Бирото раководеле двајца директори кои не биле именувани по објавен јавен оглас, додека претходниот директор со институцијата раководел повеќе од 5 години
- Во текот на 2023 година со БРД двајца в.д директори кои не се именувани по објавен јавен оглас со мандат од 4 години како што предвидува членот 20 став 3 и 4 од Законот за Бирото за развој на образованието. Претходниот директор ја извршувал функцијата в.д. директор, заклучно со 18.07.2023 година, во времетраење од 5 години и 3 месеци. Оваа состојба укажува на постапување кое е не е во согласност со законски утврдениот начин за избор на директор.
Ревизорите констатирале и неусогласеност меѓу интрените акти за избор на надворешни соработници и утврдување на висината на надоместоците.
- Постои неусогласеност на членот 20 од Правилникот за утврдувањето на висината на авторските надоместоци и член 31 од Правилникот за издавачка дејност кои различно ја дефинираат големината на авторскиот табак и прашањето дали утврдениот надоместок се исплаќа на секој автор поединечно или истиот се исплаќа во фиксен износ без разлика дали авторското дело е изработено од едно лице или група автори. Како резултат на овие состојби може да дојде до грешки при пресметката и утврдувањето на надоместоците за надворешните лица ангажирани од страна на Бирото.
Институцијата возвратила со одговор на ревизорите. За критериумите за ангажирање и исплата на надворешни соработници, тие велат дека конкурсите за избор се согласно правилниците.
- Сите конкурси за избор за надворешни соработници содржат критериуми кои треба да ги испонуваат надворешните соработници, истите се наведени во правилчникот. Во случај да се работи за одредени дела за кои не се предвидени конкретни критериуми тогаш во Барањето за распишување конкурс соодветниот секотр наведува кои критериуми треба да се исполнат.
Ревизорскиот зивештај се однесува на работата на Бирото за развој на образованието во 2023та.