Ревизија на Клинички: Софијанови и Васев си поднеле оставки
Аспазија Софијанова и Никола Васев останаа без директорските функции на Детската клиника и Клиниката за онкологија. Софијанова и Васев се првите директори од кои министерот за здравство Беким Сали побарал оставки по извештајот за ревизија на 12 клиники во Клинички центар.
Од министерството во кусо соопштение нема детали дали истата судбина ќе ги снајде директорите и на останатите десет клиники каде се правеше контрола на работата, само велат дополнително ќе има информации.
- Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана. - велат од Министерство за здравство.
ТВ 24 се обиде да стапи во контакт со отпуштените директори на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев. Д-р Софијанова не одговори на повиците, а д-р Васев,. вели дека оставката е поднесена од приватни причини, иако од Министерството за здравство најавија дека оставки ќе следуваат по направената ревизија во 12-те клиники.
- Додека бев директор сѐ се одвиваше нормално. Оставката ја поднесов од приватни причини. -изјави д-р Никола Васев.
Дека ревизијата констатирала неправилности за тв 24, вчера потврди и министерот сали. Ревизијата во клиниките ,беа испровоцирани од случајот со директорката на детската клиника и обвинувањата за неплатени ноќни дежурства.