Ретроспектива на филмовите на чешкиот режисер и глумец Јиржи Менцл во Кинотека

Кинотека во соработка со Амбасадата на Чешката Република од 1 до 11 декември организира ретроспектива на филмовите на чешкиот режисер и глумец Јиржи Менцл.

Ретроспективата ќе биде отворена со филмот „Строго контролирани возови“, добитник на Оскар за најдобар странски филм во 1967 година.

-Во 2000 година Менцл беше гостин на промоцијата на неговата книга преведена и објавена на македонски јазик во Скопје, каде што ја прими наградата за животно дел на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, велат од Кинотеката

Во 2009 година, Менцл бил гостин на Кинотеката и беше прогласен за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје.

 

Целосната програма е достапна на следниот линк.