Рестартирање: ЕУ ги започнува пристапните преговорите со Украина и Молдавија во понеделник

Украина и Молдавија ги почнуваат пристапните преговори со Европската Унија. Откако падна владата на Виктор Орбан и Унгарија ја укина блокадата, во понеделник, ЕУ ќе ги почне преговорите за членство со двете држави.

Земјите-членки ја договорија првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни чекори... 

 Претседателство на Кипар со Советот на Европската Унија 2026  

„Ова е потврда на стремежите, издржливоста и напорната работа на двете кандидатки кои ја избраа Европа и нејзините вредности. Додека заедно го правиме овој важен чекор, повторно потврдуваме дека Европската Унија е најсилна кога стои обединета, принципиелна и отворена кон оние што се посветени на нејзините вредности. “

Првите луѓе на Украина и Молдавија задоволни од одлуката...ЕУ официјално ги стартуваше пристапните преговори со двете држави во јуни 2024 година, но отворањето на првата фаза од разговорите со Киев беше блокирано од унгарското вето, пречка која сега веќе ја нема. 

Володимир Зеленски – претседател на Украина

„Украина го прави она што е потребно, и важно е што и ЕУ си стои на зборот.“ 

Маја Санду – претседателка на Молдавија

„Ние ја завршивме работата и ќе продолжиме да спроведуваме реформи.“

На Балканот, за дел од земјите кандидати, членството во европската унија од ден во ден е се поблиску... За други, ситацијата е статус кво.. Црна Гора во понеделник ќе го затвори 16-от од вкупно 33 поглавја со Европската Унија... Албанија го отвори последниот кластер од пристапниот процес..Иако Тирана и Скопје заедно ги почнаа преговорите,  двете држави тргнаа по различен пат..Пред Македонија се испречија уставните измени без чие исполнување, земјата не може да продолжи понатаму..

Михалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија

„Во политиката, договорите треба да се испочитуваат, тоест да се спроведуваат. Всушност, тоа што е најважно да го потенцирам е дека дел на акитото, тоест на правото на Европската Унија се исто така и добри меѓусоседски односи. Мислам дека сепак значи, тоа е одлука на самата земја која што треба да ја зема.Тоа што е важно е дека има поддршка на ЕУ. 

Аналитичарите сметаат дека Македонија се наоѓа во иста ситуација како и во преговорите со Грција.. Предупредуваат дека колку повеќе одовлекуваме, толку поголема цена ќе платиме на крај...

Сефер Селими

„Влегуваме во истиот ќор сокак кој знаеме каде не води. Колку подолго ќе се движиме во тој ќор сокак, толку поголема ќе биде отстапката која ние ќе треба да ја направиме.“

Во изминативе недели, проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан се најде високо на агендата на Европската Унија... Фридрих Мерц и Емануел Макрон претставија нова иницијатива која треба да ги забрза интеграциите на земјите кандидатки од Западен Балкан ...

Германија, Франција и земјите од Бенелукс пак излегоа со предлог со кој привремено би се ограничиле одредени гласачки права за државите кандидати ...Ова особено би важело за делови од европското законодавство каде што е потребна согласност од сите земји членки...