45 претставници на републиканците во американскиот Сенат се против отповикување на Доналд Трамп и покрај тоа што мнозинство сенатори гласаше за почеток на процесот против поранешниот претседател кој се соочува со обвинение за поттикнување на бунт.
Дел од републиканците сметаат дека оптовикувањето може да стане опасен преседан но и дека не треба да им се суди на поранешни претседатели. Одлуката за импичмент на Трамп може да помине ако биде поддржана од две третини од гласовите на сенаторите, или ако потврдно гласаат 17 републиканци...
„Ова е една од ретките прилики во Вашингтон при која поразот всушност е победа. 45 гласа значат дека процесот на импичмент уште на самиот почеток е мртов.“ - изјави Ранд Пол сенатор од редовиет на републиканската партија.
Процесот против Трамп во Сенатот треба да почне на почетокот на февруари а демократите тврдат дека имаат силни докази кои докажуваа дека Трамп ги поттикнал насилните протести...
„Поранешниот претседател Доналд Трамп го направи најтешкиот прекршок што може да го направи еден претседател на САД. Ќе се оддржи судење за неговите постапки и сенаторите ќе ја донесат конечната одлука.“ - изјави Чак Шумер.
Федералното судство на САД обвини повеќе од 150 лица за вмешаност во насилствата во Капитол Хил кои се случија на 6 јануари а уште 50 лица се обвинети пред локалните судови. За време на нападот на американскиот Конгрес Пет лица ги загубија своите животи, меѓу кои и еден полицаец.
0 Коментари