Репортажа: Ден со мобилната амбуланта во Ново село
Foto

Репортажа: Ден со мобилната амбуланта во Ново село

Екипа од лекар две сестри и шофер тргнаа од здравствениот дом од Ново Село со мобилната амбуланта кон Мокриево во пазувите на Беласица за да пружат примарна здравствена заштита на жителите во во ова место.

Станува збор за амбулантно возило кое секој ден по утврден распоред ги посетува  населените места во општина Ново Село бидејки бидејки немаат амбуланти со матични.

Го паркираа сред село а тимот од медицински лица ја подготви опремата за да вршат  бесплатни прегледи. Меѓу првите што дојдоа беше Милица Ристиќ. Сакаше да се консултира за одредени лекови. На преглед дојдоа и други жители од Мокриево. Знаеја дека мобилната амбуланта кај нив ќе биде само два часа по што ќе се упати во соседното село. Велат дека добро е што среде пандемија доаѓаат лекари  пред нивните домови.

Возилото општина Ново Село го набави од програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Освен лекариски прегледи може да се направи и крва слика, да направат ехо преглед. Медицинскиот тим врши и посета на болни по домовите и стари и изнемоштени лица вели доктор Ќосев.

За неполни три месеци со мобилната амбуланта се извршини околу 700 прегледи и посета на болни и стари и изнемоштени лица од населените места во општина Ново Село. Од општината размислуваат што и како понатаму со мобилната амбуланта за да сипорачуваат здравствени услуги на своите граѓани.

Проектот Мрежа за примарна здравствена заштита општина Ново Село и здружението Фениска го реалира и со грчката општина Ираклеа и Институтот Демокритос со цел подигнување на степенот на здравствени услуги на граѓани во поодалечени места од центрите каде има амбуланти и здравствени институции.

0 Коментари

Остави коментари