Репортажа 24: Галичка свадба, спој на традицијата и културата
Живописниот Галичник, на падините на планината Бистра е едно од најпосетените туристички дестинации но познат и по единствената културна манифестација Галичка свадба која оваа година беше одбележана по 61ви пат.
Автентичната културно-сценска манифестација привлекува голем број туристи од дома и странство кои потоа ги пренесуваат импресиите од нашата земја.
Нашата екипа го проследи овој културен настан.