Рендевски: Ја напуштив заменичката функција во здравство, поради тоа што тешко беше да се испорачаат резултати

Доктор Владимир Рендевски од СДСМ кој неодамна даде оставка од функцијата заменик министер за здравство во 24 анализа изјави дека по една година на функцијата, решил да се повлече ќе поради тоа што било многу тешко да се испорачаат резултати.

“На функцијата се нафатив минатата година со една моја заложба и искуство како лекар и професионалец. Сакав да дадам свој придонес во подобрување на здравствениот систем. Одредени обиди и поместувања се направени, но далеку сме од она што треба да го направиме за граѓаните. Од позиција на заменик министер, не можев да помогнам во она што го замислив, од лична причина се вратив на Клиникната за неврохирургија и тоа го соопштив на премиерот.- вели Рендевски.