Рендевска: Инспекторите ќе ја следат состојбата со цените на терен, очекуваме и маркетите да бидат во функција на граѓаните

Мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините, дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото од утре нема да важи. Истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки. Институциите најавуваат засилени контроли. Инспекцискиот совет ќе ја следи состојбата, но оттаму велат дека треба малку да се остави и на совеста на производителите и на трговците кои треба да бидат во функција на граѓаните.