Ременски во обвинителство врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката Фросина Ременски дојде во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите кои ги собрало обвинителството во истрагата за невладината органзација „Меѓународен сојуз“, чиј почесен претседател беше токму Ременски.

На увид во доказите беа поканети и Бојан Јовановски заедно со неговиот татко Миле Јовановски но наместо нив увид направи адвокатот Сашо Дуковски.

Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови, за кои бизнисмени како Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски наседнале и инвестирале првиот околу 700 илјади евра, Амзоски околу 200 илјади евра, а биле рекетирани и други, како Зоран Азманов и други.