Ременски, Шилегов и Бочварски - членови на ИО, потпретседатели не се избраа!
Foto

Ременски, Шилегов и Бочварски - членови на ИО, потпретседатели не се избраа!

Во пресрет на Европскиот совет – политичката состојба дома се смирува. Берлинските пораки ги ставија во фиока најавите на Зоран Заев за предвремени избори и враќање на мандатот, а повторно ја извадија на површина долгонајавуваната метла.

Токму ова е и официјално потврдено на Централниот одбор во Охрид, додека пак Заев добил одврзани раце за реконструкијата која ќе биде позната уште неделава.

Во новиот Извршен одбор влегоа поранешните потпретседатели Ременски, Шилегов и Бочварски, но не и Оливер Спасовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Нов член на извршниот одбор е професорката Татјана Стојановска Иванова, како и Љатифа Шиковска,  и додека пак потпретседатели не се избраа.

Душко Весковски е нов организациски секретар, а Дане Талески - секретар за меѓународна соработка.

0 Коментари

Остави коментари