Ременски: На Вељаноски да му се одземе безбедносниот сертификат, за да не ги злоупотреби доказите против него
Foto

Ременски: На Вељаноски да му се одземе безбедносниот сертификат, за да не ги злоупотреби доказите против него

Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски го повика Трајко Вељаноски од морални причини да си поднесе оставка од комисијата за надзор на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање. Ременски смета дека Вељаноски како еден од осомничените за 27-ми април претставува безбедносен ризик, бидејќи со неговиот безбедносен сертификат може да ги гледа тајните документи од разузнавачките служби, од кои дел на некој начин се и докази против него.

0 Коментари

Остави коментари