Рељиќ петта на Президент куп во Софија

Македонската таеквондо репрезентативка Милијана Релиќ викендот го освои 5. место на Европскиот Президент Куп во Софија, Бугарија. 

Во нејзината категорија -62 кг, од 36 натпреварувачки, Релиќ беше на чекор до освојување медал на овој престижен Европски Президент Г-3 куп. Во првото коло, таа ја победи Лена Динковиќ од Хрватска со 2:0, потоа беше подобра од Алејна Семнјурт (Турција), исто така со 2:0, па следуваше пораз од Ивана Арелиќ (Хрватска) со 2:1.

- Во третата решавачка рунда, на помалку од 2 секунди пред крај, при резултат од 6:6 и предност на Милијана поради освоени поени со удар во глава, судиите доделија три поени на противничката за кои електронскиот автоматски систем претходно не ги регистрираше затоа што и немаше удар во глава. Бевме многу оштетени во борбата за медал. Сепак, ова беше единствен Г-3 натпревар во Европа и освоивме дополнителни 6.40 поени за светската и олимписката ранг листа, вели тренерот на Милијана, Александар Ефтимов.

Следен турнир на Рељиќ е Г-1 во Солун на 24 и 25 мај.