Рекордни 42 позитивни случаи на Ковид-19 во Премиер Лигата за изминатата недела
Foto

Рекордни 42 позитивни случаи на Ковид-19 во Премиер Лигата за изминатата недела

Четириесет и двајца играчи и персонал од Премиер Лигата беа позитивни на Ковид-19 во изминатата недела што претставува бројка од најмногу регистрирани во лигата во период од седум дена.

Како што пренесуваат од „BBC“, тоа е најголем број откако во јануари беа пријавени 40 случаи.

Таа недела биле направени 2.295 тестови, додека во последниот круг од 6 до 12 декември биле направени 3.805 тестови.

Брајтон, Тотенхем, Лестер, Манчестер Јунајтед и Астон Вила имаат потврдени случаи, а утрешниот натпревар на Јунајтед против Брентфорд е доведен во прашање.

0 Коментари

Остави коментари