РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА, НО И ВО ПАРТИЈАТА НА ПОЧЕТОКОТ ОД ЈУНИ
Foto

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА, НО И ВО ПАРТИЈАТА НА ПОЧЕТОКОТ ОД ЈУНИ

Слободните денови премиерот Заев ги искористил со другарите, во странство, но и за концепирање на идните одлуки поврзани со реконструкцијата. Тој веќе има план за измените во владата, но и денес не ги кажа имињата на функционерите кои ќе бидат сменети со операцијата метла. Ќе прави дополнителни консултации и верува дека до почетокот на јуни ќе се знае кои министри ќе летаат од Владата, а до крајот на јуни ќе се знаат и другите функционери.

Тој, како партиски претседател, најави промени и во неговата партија СДСМ. Критериумите по кои ќе ги носи финалните одлуки се веќе дефинирани.

- „Тоа се ароганцијата, неисполнувањето на одредени очекувања, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, тука е и непотизмот, антикорупциска тоа што го покажа...сите овие аспекти ќе бидат ќе бидат согледани”, рече премиерот.

Голем дел од министрите веќе се произнесоа по најавените промени. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски кој е посочуван во јавноста како кандидат за смена поради потфрлањето во реализацијата на капиталните инвестиции, вели не се чувствува загрозен. На таков став се и министрите Бектеши, Тевдовски, Филипче и Анѓушев. Вицепремиерот веќе изјави дека чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор.

Освен новите смените, Собранието ќе треба да го одобри и разрешувањето на Хазби Лика од вицепремиер за Рамковен договор и да биде избран прв човек на новото Министерство за политички систем – најверојатно од редовите на ДУИ. И за оваа кадровска промена се чека на средбата Заев- Ахмети, која се уште не е закажана.

0 Коментари

Остави коментари