Реконструкција на Влада: Кои се „занес“ министрите со кои ќе се збогува Мицкоски?

До 1 јули пред Собранието ќе се најде списокот со новиот владин кабинет - најави премиерот Христијан Мицковски.

Првичните разговори вчера со ВРЕДИ, а денес со ЗНАМ - ВМРО-ДПМНЕ ги завршија зад затворени врати и без било какви информации кои ресори ќе претрпат измени.

Мицковски разговорите со албанскиот партнер ги оцени како пријатни, а разговорите ќе продолжат за сите предности и слабости со партијата на Максим Димитриевски.

Министерот за труд социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани е едно од имињата за кое се појавија информации дека ќе замине од владиниот кабинет. Лимани денеска во присуство на Мицковски рече дека никој не е вечен и се во рацете на мандатарот.

 Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати обвинија од СДСМ коментирајќи ја неговата најава дека списокот за реконструкција на Владата ќе биде готов до 1 јули. За опозицијата премиерот поставува нови рокови за да го прикрие неисполнувањето на претходните ветувања.

Владините партнери велат дека се подготвени за најавената реконструкција. Ставот на ЗНАМ е дека нивните кадри ревносно и одлично си ја вршат својата работа, и дека Максим Димитриевски нема намера да се откаже ниту од Минчев ниту од Филков . За вториот според извори на ТВ 24 во ВМРО ДПМНЕ , незадоволство има од неговата работа 

Според неофицјалните информациите  сериозно се разнишани фотелјите на Борко Ристовски , во спорт , Зоран Љуткјов во култура , а не се исклучува смена на ресори , т.е здарвство да оди кај Мицксоки, додека Аазир Алиу да седне во фотелјаната з адпобро валдеење на Арбен Фетаи. За што од Вреди би го барале обарзование. Иако  ја преживеа интерпелацијата.

Нема да биде изненадување ако од земјоделство си замине и Цветан Трипуновски, според информациите ан ТВ 24 поради приватни причини. 

Според Влен, концептот на реконструкција не треба да се разбира едноставно како замена на поединци на позиции, туку како механизам за забрзување на реформите и давање нов импулс на процесите што се во интерес на граѓаните. 

Од Владата пак најавија дека реконструкцијата нема да запре само во министерските кабинети, туку таа ќе продолжи и во пониските ешалони  каде што се проверува работата на директорите на јавните претпријатија и на подрачните единици.