Реконструкција на влада
Foto

Реконструкција на влада

Откако премиерот Зоран Заев се договори со неговиот коалиционен партнер – Ахмети, разговорите околу владината реконструкција продолжија со помалите партии. Министерството за култура најверојатно останува во рацете на Алтернатива на Гаши.

Дека финишираат и последните консултации пред испраќањето на предлозите со новите имиња на министри до Собранието – утрово се пофали и првиот човек на ДПА, Мендух Тачи. Без да открие детали од разговорите Тачи на ФБ објави статус со фотографија од средабта со Заев.

  • Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, изутринава во седиштето на Владата оствари работна средба со премиерот Зоран Заев, пишува на Фејсбук профилот на ДПА.

Владината реконструкција е пред самиот крај - имињата на новите министри, освен оние од СДСМ се веќе познати и најдоцна до петок предлозите треба да стигнат до Собранието, а според најавите на почетокот на идната недела пратениците ќе гласаат и за новиот владин состав.

Според информациите кај Ахмети работата е речиси завршена со една ротација, една смена и еден нов министер. Како што веќе објави тв 24 според партиски извори во ДУИ- Садула Дураку останува на Илинденска број 2, но како министер за политички сиистем во новото министерство, а на негово место во животна средина ќе дојде Насер Нуредини - но нема информации дали Заев се согласил - Дураку да остане во Владата. Според информациите од Владата, но и од Секретаријатот за рамковен договор заминува вицепремиерот Хазби Лика.

Неофицијално, Горан Милевски лидерот на ЛДП влегува во кабинетот на Заев како министер за локална самоуправа, партијата на Весел Мемеди, која досега министеруваше со ова место, го добива безресорното на Шапуриќ, кој пак најверојатно ќе замине на нова дирекотрска позиција.

Заев треба да го пополни местото на Љупчо Николовски во земјоделство, откако тој беше назначен за генерален секретар на СДСМ. Покрај земјоделие, култура и новото министерство за политички систем по автоматизам ќе добијат нови министри.

Дамите во Владата, пак, извесно е дека ќе си ги задржат позициите, како што најави и самиот премиер. По владината реконструкција следната недела, според најавите со учество на новите министри, ќе се прават смени и во третиот ешалон – односно директорските смени.

Неофицијално се споменуваат МЕПСО, ЕЛЕМ, Железници, а денеска над 200 уметници денеска преку отворено писмо до премиерот побараа МКЦ да не биде опфатен со „метлата“. Тие бараат актуелниот в.д. директор Русе Арсов, да биде назначен за директор на МКЦ, а не како што велат по партиски клуч, да се именува музичарот Арбен Шакири- кој остана без коментар. Од Влада пак одговараат дека не се надлежни за МКЦ зашто таа установа е под Град Скопје.

Град Скопје велат дека се запознаени со писмото, и кусо одговорија дека се уште не е направен избор за нов директор за установата, бидејќи тој процесот се пролонгирал поради изборите.

0 Коментари

Остави коментари