Реконструкција на Инфективното одделение во Штип
Foto

Реконструкција на Инфективното одделение во Штип

Штипското Инфективно одделение чека европски пари за реконструкција. Проектот од програмата за прекугранична соработка со Бугарија е во завршна фаза.

До крајот на мај се очекува потпишување на договорот. Целиот проект тежи 400.000 евра, а по половина ќе делат штипската Клиничка болница и и бугарската општина Гоце Делчев. 

Се предвидува зградата да стане енергетски ефикасна и да се направи рампа за лица со попреченост.

„Треба да направиме енергетски поефикасен објект, да се обнови фасада, прозорци, врати“ - вели Драгица Здравева, Центар за развој на источен плански регион.

Инфективното одделение и по изградбата на новата Клиничка болница ќе остане да функционира надвор од овој комплекс. Неговата реконструкција се очекува да заврши речиси истовремено со изградбата на новата болница што веќе доби и нов рок, па нејзиното завршување сега се најавува за средината на наредната година. 

„За Клиничката болница во Штип доставен е динамичен план, интензивно се работи, до средината на идната година ќе биде финализиран планот“ - рече Владимир Милошев, државен секретар во Министерство за здравство.

Од Министерството за здравство веќе најавија дека во рамки на поголем тендер за набавка нa опрема за медицинските установи во земјава ќе се најде и таа потребна за новата Клиничка болница во Штип. 

 

0 Коментари

Остави коментари