Реконструкацијата на “Универзална сала “ ќе почека - вели градоначалничката Аровска
Погрешна проектна документација ја стави во застој реконструкцијата на култната скопска „Универзална сала“.
Продолжувањето со какви било градежни активности, предвидени во првичниот проект за реконструкција на салата би значело и опасност по безбедноста на граѓаните, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Градоначалничката рече и дека во проектот се пронајдени недостатоци кои не соодветствуваат со фактичката состојба, а кои претходната градска власт ги игнорирала и продолжила со реконструкцијата на Универзалната сака.
Веднаш со реакција се јавија од партијата на СДСМ, каде преку партиско соопштение велат оти целиот проект е професионално сработен и безбеден.
„Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има.“- реагираат од СДСМ.
Арсовска дополнително рече оти проектот за „Универзална сала“ нема да застане, туку дека сè ќе се спроведе онака како што треба, но со решенија кои се безбедни и сигурни за граѓаните. За овој проект, Владата има одвоено 120 милиони денари.