Рекомпонирање на Судскиот совет во Собранието - опозицијата алармира дека се случува преседан, власта дека судството бара промени

Партиите во законодавниот дом допрва ќе градат ставови доколку има потреба од разрешување на одредени членови на Судскиот совет и доколку таква иницијатива стигне до нив.

Откако ТВ 24 веќе објави дека постпразнично членовите кои ги избра законодавниот дом во судскиот совет ќе се најдат на тапет пред пратениците ги контактиравме и дел од пратеничките групи.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека иако за сега нема конкретно таква иницијатива не се исклучува можноста за такво нешто, бидејќи сепак дел од тие членови се бирани токму во Собранието.

- За сега немаме таква иницијатива, може да пристигне и по барање на владата но и да иницираат група на пратеници. Забелешките во извбештајот на ЕК се сериозни а довербата на граѓаните во судството е многу ниска. Нема ништо спорно да се гласа за разрешување на одредени членови на Судскиот совет ако биле бирани во законодавниот дом. - ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека ако до собранието стигне иницијатива ќе ја разгледаат па ќе се изјаснат.

- Во досегашната собраниска пракса немало разрешување на членови на Судски совет во Собрание. За сега нема никаква иницијатива за нешто такво од било кого, но доколку стигне ќе ја разгледаме и ќе се изјасниме. - СДСМ.

И од пратеничката група на ДУИ велат дека до сега немало пракса за разрешување на членови на Судски совет во Собрание иако имало за нивно именување.

Владин функционер за ТВ 24 веќе кратко брифираше дека не се исклучува опцијата мнозинството во Собрание да ја искористи можноста што и ја дава законот за Судски совет, да почне постапка за разрешување на дел од членовите на ова тело кои тие ги избрале откако не помина извештајот за работата на Судскиот совет за минатата година во законодавниот дом

Според информациите на ТВ 24 , за ова била информирана и  претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, бидејќи меѓу членовите кои ги избра Собранието, двајца се на предлог на екс шефот на државата Стево Пендаровски меѓу кои и Дамева. Дека власта игра на оваа опција, веќе во 24 анализа најави и заменикот за правда Ален Деребан.

Паралелено во министерството за правда завршија јавните дебати за новиот закон за Судски совет со кој што се заоструваат критериумите за избор на членови во ова тело. Во владината програма на Христијан Мицкоски пак беше наведена и потребата од комплетно распуштање на Судскиот совет каде дури 5 судии од него беа избрани во Собранието.