„РЕКЕТ“ ИЛИ ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО - ШТО СТОИ ЗАД ФИЈАСКОТО НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА?
Foto

„РЕКЕТ“ ИЛИ ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО - ШТО СТОИ ЗАД ФИЈАСКОТО НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА?

Повеќе од седум часа на иста маса, надвор од неа со идентични обвинувања за оној другиот. Зоран Заев и Христијан Мицкоски тврдат – оние другите дошле за да не се договорат, но и да го заштитат сопствениот криминал. Заев обвинува дека бил сведок на „Груевизам“ длабоко во ноќта, но и дека целта на Мицксоки била аменстија за случаите на СЈО. Му порача на првиот опиоизиционер дека аферата Рекет оди до неговиот двор.

Првиот опизционер пак дециден неговото име го нема во аферата, но тврди во исказите кои до него стигнале од свиркачи, има имиња на високи функционери на валста. Порачува дека според нив на повидок е и Рекет, 1,2,3...Кој се е вмешан Мицксоки најави дека ќе открие кога ќе дојде време.

Кој ќе гони висока корупција на функционери, дали само идни дејства или пак и минати, во кој временски интервал, но и дали обвинител по теркот на опизицијата да решава за предметите на СЈО во кои се осомничени опоизционери. Прашања за кои лидерскиот двоец има дијаметрално спротиставени позиции.

- „За нив беше важно единствено тоа обвинителство да ги преземе сите предмети од СЈО каде што шеф ќе биде на предлог на опозицијата. Тоа е апсолутно недозволиво затоа што не постои начин дека некој може да гарантира дека тој шеф во еден момент нема да одлучи да ги поништи сите предмети, да ги повлече, да ги одлага. Тоа е апсолутно недозволиво“, рече Заев.

За Мицксоки тоа се епски лаги – бидејќи вели фокусот на Заев не биле предметите на СЈО, туку на криминалите на власта. Односно што да агони тоа обвинителство. Порачаа дека не може да се гонат идни евентаулни дејствија, а да се амнестираат минати.

Заев и Мицкоски и покрај сите квалификации и навреди што си ги кажа на сметка на оној другиот не креваат раце скроз од евентуален договор. Сепак власта е релаксирана бидејќи велат предметите откако поминуваат во рацете на Јовевски се осигурани, а обвинителите од СЈО, ќе се вратат во матичните обвинителства. За опизицијата пак тоа е уште еден доказ дека власта го опструира договорот.

Долгата преговарачка ноќ во собранито, еден час пред лидерите ја завршија новинарите, колективно ја напуштија лидерската средба, поради нетранспарентноста на лидерскиот двоец и нивните тимови. Кои затворени еден кат подолу од новинарскиот пресс центар, не беа заинтересирани да ја известат јавноста што се е на лидерската.

0 Коментари

Остави коментари