Река на средби на граѓани

А по вчерашниот прв митинг на Блерим Река на плоштадот Скендербег во Скопје – независниот претседателски кандидат поддржан од Алијансата за Албанците и БЕСА денеска на средба со граѓани во Студеничани. Под мотото „Река за републиката“, според агендата предвидени се само 6 поголеми митинзи а останатите посети на населените места ширум земјава ќе бидат во форма на средба со граѓани. Следниот поголем митинг - претседателскиот кандидат Блерим Река ќе го има на 6ти во Струга.