Река на средба со докторите од клиничкиот центар „Мајка Тереза“
Независниот претседателски кандидат поддржан од Алијансата за Албанците и БЕСА, Блерим Река, одржува средба со докторите од клиничкиот центар „Мајка Тереза“, почнувајќи од канцеларијата на д-р Арбен Таравари. Вечерва ќе има средба со граѓаните во Брвеница. Во досегашната кампања меѓу клучните теми на овој кандидат беа Договорот од Преспа, проблемот со миграцијата на младите, перспективите за членство на државата во НАТО и ЕУ, но и дневно-политички теми и правната држава. Река кампањата ја води во насока на повеќе средби со граѓани, а во агендата вкупно има предвидено шест поголеми митинзи.

