РЕК Битола: Го демантираме ВМРО-ДПМНЕ, вистината е дека блок 3 се уште не е саниран

Политичките препукувања за тоа кој е виновен за енергетската криза со која се соочува државата не запираат. Од власта досега неколкупати повторуваат проблемот е глобален се превземаат мерки за ублажување на последиците. 

За опозицијата состојбата во која се наоѓа државата е поради неспособност да се менаџира кризата. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска предупредија загорзено е снабдувањето со електрична енергија - Блок 3 во РЕК Битола велат не работи.  

„Блок 3 на РЕК Битола, повторно е надвор од функција, повторно трансформаторот не работи. Станува збор за истиот трансформатор којшто се запали во ноември, а беше наводно минат низ процес на ремонт. Сега пред неколку дена истиот трансформатор го исфрла цел Блок 3 на РЕК Битола од употреба.“ - вели Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Од комбинатот ваквите изјави на опозицијата ги оценија како несериозни. Појаснуваат дека по избувнувањето на пожарот – трансоформаторот е во ремонт, и блокот досега не бил пуштен во употреба. 

„Како што е добро познато, трансформаторот на Блок 3 беше оштетен во пожар кој се случи вечерта на 5 ноември минатата година и од тогаш во континуитет се преземаат активности за негова санација. Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет.“ - велат од РЕК Битола.

Од државни електрани денеска за ТВ24 велат сите капацитети работат согласно планот за производство. 

А во земјава иако со уредбата за прогласување на кризна енергетска состојба рестрикции не се предвидени, Јавното претпријатие Државни патишта, поради енергетската криза вчера сооптши дека по државните патишта ќе се вози во мрак – светло ќе има само во тунелите. 

Од 1 јануари годинава, цената на струјата за домаќинствата е повисока за 9,48 проценти, а исто времено укината е и дневната ефтина тарифа од 14 до 16 часот.