РЕК Битола: Дали ВМРО-ДПМНЕ е против рударите во РЕК Битола да добиваат вода за пиење?
Foto

РЕК Битола: Дали ВМРО-ДПМНЕ е против рударите во РЕК Битола да добиваат вода за пиење?

„Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците во РЕК Битола, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО ДПМНЕ на прес конференции да зборуваат за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и  во услови на поплави кои не се видени во рудниците во последните 25 години, РЕК Битола успева да го одржи стабилно производството не електрична енергија.

Во истиот момент кога РЕК Битола и вработените покажуваат највисока пожртвуваност за санирање на состојбата во услови на огромни дотеци на вода и поплави на откопните полиња на јаглен, опозициската партија пласира лажни вести дека ,,непотребно се трошат пари за вода од страна на РЕК Битола”.

Ја известуваме јавноста, а ВМРО ДПМНЕ ја потсетуваме, дека водата која во моментот се набавува е за вработените во РЕК Битола, особено за вработените во рудниците каде нема водовод и снабдување со вода за пиење.“ - стои в реакцијата на РЕК Битола.

0 Коментари

Остави коментари