Рејсинг поинг од 2021 станува Астон Мартин
Foto

Рејсинг поинг од 2021 станува Астон Мартин

Потврдена е нова промена на идентитет во Формула 1 и тоа на тимот кој во моментов се вика Рејсинг поинг. Од селдната 2021 сезона, ќе биде преименуван во Астон Мартин Рејсинг. Причина за тоа е фактот што сопственикот на Рејсинг поинт, Лоренс Строл, вложил 182 милиони фунти и презел 20 проценти од сопственичкиот пакет на Астон Мартин. Британската фирма, пак, досега беше „во врска“ со Ред бул, но нивниот договор ќе заврши на крајот од 2020. Рејсинг поинт до 2018 беше Форс Индија, но тимот влезе во финансиски проблеми, кои ги реши Лоренс Строл, преземајќи го тимот и преименувајќи го во Рејсинг поинт, пред стартот на сезоната 2019. Сега е потврдено дека ова име ќе трае само две сезони. И во 2020 нивните болиди ќе ги вози истиот тандем возачи, искусниот Мексиканец Серхио Перез и синот на газдата, Ленс Строл. Новиот болид ќе биде претставен на 17 февруари, само два дена пред почетокот на тестирањата во Барселона.

0 Коментари

Остави коментари