Рејмонд односно Франко - најбрзи на Охридскиот пливачки маратон, Евгениј Поп Ацев заврши втор кај мажите
Foto

Рејмонд односно Франко - најбрзи на Охридскиот пливачки маратон, Евгениј Поп Ацев заврши втор кај мажите

Актуелниот светски првак Аксел Рејмонд беше најбрз на 33-тиот Охридски пливачки маратон кој се одржа денеска во мирните води на Охридското езеро. 25-годишниот Рејмонд, 25-километарската патека „Климе Савин“  ја преплива за 5 часа 20 минути и 55 секунди што е негов втор личен триумф во Охрид, по оној во 2013. година.

Втор на целта за 5 часа 21 минита и 3 секунди во неизвесна трка и возбудлив финиш пристигна нашиот Евгениј Поп Ацев кој пак изби на светската табела минувајќи го Италијанецот Стокино, кој во Охрид заврши на 4-тата позиција. Третото место пак го освои минатогодишниот победник Франческо Џетини.

Во женска конкуренција победи Италијанката Аличе Франко која на целта стигна за 05 часа 41 минута и 15 секунди, пред Ерика Јенсен од Аргентина и водечката во генералниот пласман, Пилар Гејко.

По пристигнувањето на градското пристаниште, маратонците ги пречека претседателот Стево Пендаровски кој е и покровител на оваа спортска манифестација, додека организатор е Пливачката федерација. Вкупниот награден фонд за овој маратон е 15.000 долари.

Фото: Ohridnews

 

0 Коментари

Остави коментари