Регулаторната комисија за енергетика ја одзеде лиценцата на БЕГ

БЕГ остана без лиценца, ќе се бара чаре за парно греење во Скопје. Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за што Бислимовски очекува роковите да бидат куси за да може брзо да се организира топлинското загревање на становите и фирмите во Скопје.

Ваквата одлука се донесе откако беше побарано престанок на важење на лиценцата поради неможноста за понатамошно нормално функционирање, кредитната неспособност на БЕГ и неможноста да ги обезбеди потребните финансиски средства за продолжување на работата во новата грејна сезона.

Во случај да снема природен гас од Русија, Македонија е способна да најде природен гас од други места, како на пример од Грција преку Бугарија, но и да се користат алтернативни горива како мазут или дизел, рече Бислимовски.

Одземањето на лиценцата доаѓа откако БЕГ пријави сериозни трошоци за изминатата година, па на почетокот на 2022 година, државната ЕСМ го презеде управувањето и со парното во Скопје.