Регулаторната комисија предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота
Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на денот, како и нејзино воведување во сабота, најави претседателот на комисијата, Ацо Ристов.
Според предлогот, дневната евтина тарифа би можела да важи од 11 до 15 часот, кога производството од фотоволтаичните централи е највисоко, а на берзите често се појавува вишок електрична енергија со многу ниски, па дури и нулти цени.
Регулаторите разгледува евтина струја да има и во сабота, покрај постојната ниска тарифа во недела. Во моментов домаќинствата користат евтина струја од 13 до 15 часот и од 22 до 7 часот секој ден, како и непрекинато од сабота во 22 часот до понеделник во 7 часот.

