Регулаторна решава: Ќе плаќаат ли скопјани поскапо парно годинава?

Во Регулаторната комисија за енергетика се прават последните пресметки за формирање на новата цена на парното греење.

Енергетските компании надлежни за производство и дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Скопје веќе ги доставиле своите барања до регулаторот. Сега се анализираат трошоците за работа на ЕСМ, цената на природниот гас на берзите но и останати параметри кои влијаат на крајната цена која ја плаќаат граѓаните. Од Регулаторна за ТВ 24 велат дека веќе од понеделник ќе имаат многу појасна слика и ќе ја известат јавноста.

„Станува збор за техничко економска длабинска анализа во која се скенираат сите трошоци, но и се гледаат резлтатите од претходните години и реализираните инвестициски проекти. Потрошувачите, управителите на објекти и Заедниците на сопственици да проверат дали им се подмирени сметките за електрична енергија за топлинската станица за да може да има непречен доток на топлинска енергија.“ - велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Пред една година регулаторот донесе одлука парното да поскапи за 15на отсто. Но, во тој период се уште постоеше неизвесност со цената на гасот на светските берзи. Сега работите се доста појасни, и состојбата генерално е стабилизирана. Граѓаните кои ги анкетираше ТВ 24 велат дека не се задоволнио од топлината која ја добиваат во зима, а сметаат дека цената може да биде и пониска.

„Многу сурово е што цела година се плаќа. Парно греење треба да се плаќа само во зина, тогаш се користи. “

„Мислам дека ќе има поскапување. Ќе пуштат парно до 10 часот од сабајле и потоа го гасат. Приквечер во пет - шест часот пак ќе го пуштатдо девет -десет. И тоа е пуштено минимално. “

„Не верувам дека ќе биде поевтино, веќе во ништо не верувам. “

Новата официјална цена на парното најдоцна мора да се објави до крајот на овој месец бидејќи таа треба да важи од август до јануари следната година. Пресметките велат дека греењето на централниот систем за топлинаска енергија е најисплатлив во Скопје.

Бројот на корисници на парно греење бележи пораст, а регулаторот иницираше и измени на загонот за градба кои предвидуваат, градежниците да имаат обврска да го приклучат објектот на системот за парно греење ако во населбата каде се гради зградата има постоечка инфраструктура за парно греење.