Регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19, 12 починати и 395 оздравени пациенти

Регистрирани се 412 нови лабораториски позитивни случаи на  Ковид -19, во изминатите 24 часа починале 12 пациенти, а забележани се 395 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од направени 3.379 тестирања, регистрирани се 412 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од кои пет починати од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци (85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се три лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.

Според информациите на МЗ, регистрирани сe 395 оздравени пациенти. И тоа од Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп -21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2, Охрид,Крива Паланка и Виница – по еден.

Направени се 3.379 тестирања. Во ИЈЗ-264, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-82, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–50, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–171, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-152, Биотек-272, Систина-86, лабораторија Лаор-106, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–26, Генеа-5, Никоб лаб-435, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-61, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.316.

Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820, бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.