Регионалната депонија во Новаци треба да биде готова од крајот на следната година

До крајот на оваа година се очекува да биде распишан тендер за набавка на опрема и отпочнување на градба на петте претоварни станици на регионалната депонија во Новаци, а до крајот на следната се очекува истата да стартува со работа. Министерката за животна средина Каја Шукова вели ова е еден комплексен проект кој одзема време затоа и толку се чека досега.

 

Екологистите велат целиот процес треба да биде забрзан бидејќи загадувањето од депониите на Буково и во Струга е се поголемо.

 

Новата регионална депонија ќе биде сместена наспроти постојната дива депонија Мегленци што ја управува "Комуналец" од Битола.Таа ќе се гради североисточно од селото Новаци на околу 5,3 км или 2,4 км југозападно од селото Мегленци кое е најблиско населено место.Тука според сите планови би се собирал сметот од општините и би се третирал според европски стандарди.Трошоците за изградба на регионалната  депонија се во вредност од околу 22 милиони евра,средства обезбедени преку заем од ЕБОР, Европската банка за обнова и развој. Со овој регионален систем за управување ќе бидат опфатени општините Охрид, Дебар, Струга, Кичево, Прилеп и Битола.