Регионален форум за безбедност и здравје при работа
Foto

Регионален форум за безбедност и здравје при работа

о Скопје денеска ќе почне дводневен регионален форум посветен на безбедноста и здравјето при работа. Целта е да се разменат искуства во оваа област и да се понудат решенија за превенција.

На форумот, на кој ќе учествуваат претставници од седум држави, посебно внимание ќе биде посветено на новите стратегии на синдикатите за безбедноста и здравјето при работа, особено во однос на организирањето и поддршката на претставниците за безбедност и здравје при работа.

Најавено е учество на синдикални експерти за безбедност и здравје при работа од регионот, како и на претставници од надлежните институции.

 

Форумот го организираат Сојузот на синдикати на Македонија и Европскиот синдикален институт.

0 Коментари

Остави коментари