Реформи во судството или притисок за уште поголема партизација

 Нови обвинувања на релација власт опозиција во врска со реформите во судството откако денеска лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче обвини дека премиерот Мицкоски со најавите за евентуални протести против членовите на судскиот совет на кои има беше изгласана недоверба во собранието сака да прави судство по свој терк но и дека тоа според Филипче нема да обезбеди ниту поквалитетно ниту по независно судство. Филипче со став дека на земјата и се потребни вистински и темелни реформи во судството а не притисок .

Премиерот Мицкоски пак и денеска го повтори својот став дека се уште постојат како што рече остатоци од претходниот владин состав кои под диктат на СДСМ , ДУИ но и Левица спроведуваат политики по нарачка вбројувајќи го името на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов но и како што рече неколку судии и јавни обвинители .

Вчера и известувачот за Македонија во ЕУ Томас Вајц потенцираше дека во најавите на  премиерот Мицкоски за можен протест против членовите на судскиот совет препознава  обид за политичко мешање во судството . Она кое што е познато дека на тројца од 5 те члена на судски совет на кои им се гласаше интерпелација мандатот им истекува до крајот на годината . На еден во декември следната година и на уште еден во 2027 ма .