Реформи во судството

Доколку некој има подобра идеја и план како да се бираат судии и јавни обвинители треба да каже. Вака премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање одговори на забелешките на амбасадорката на САД Агелер во врска со правосудниот систем.

Мицкоски вели имале јасен предлог како да се надмине ситуацијата односно оние на кои само 2% од граѓаните им ја дале довербата треба да си заминат а телата кои ги бираат на нивно место да изберат нови и компетентни лица.

Амбасадорката на САД во земјава Анѓела Агелер до сега неколку пати алармираше за аномалиите на судскиот систем. И во едно од последните ТВ гостување посочи дека забелешките кои тие ги даваат не значат мешање во внатрешните работи на земјата, туку целта е да се даде поддршка во реформите.

Судскиот совет го следеа и претходно бројни настани кои беа во фокусот на јавноста, како разрешувањето но и враќањето на Весна Дамева на чело на ова тело, но тука е и последното барање кое Судскиот совет го имаше за разрешување на Добрила Кацарска заради исполнување на условите за старосна пензија.

Иако во јавноста често се дискутираше како да се зголеми довербата во судскиот систем сепак дел од познавачите на овие прашања беа во дилема дали - евентуалното разрешувањето на судскиот совет би било вистинската метода,  бидејќи станува збор за Уставни тела кои со обичен закон не можат да бидат разрешени иако најголем дел од ескпертската јавност беше согласна дека треба да се најде начин и метода како да се надгледува и следи работата на судските институции за да се намали влијанието и корупцијата.