Реформи во образованието
Во десет општини преку проект се споени, подрачните училиштата во руралните средини кои имаат до десет ученици со централните. Активностите за спојување на училиштата во партнерство со светска банка и УНИЦЕФ ќе биде умплементиран во уште 20 општини.
Претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер е на ставот дека треба нешто да се преземе околу за подобрување на квалитетот во образованието кој што не е на завидно ниво а се потврдува и со резултатите од последните ПИСА оценувања.
Извршниот директор на здружението ЗМАИ партнер во проектот Виктор Митевски, вели дека ваквите реформиски процеси се клучни за Македонија, на истите континуирано се работело изминатите четири години.
На панел дискусијата се споделуваа и дополнителни идеи и практични примери за подобро образование од страна на пристутните панелисти познавачи на областа. Но, што со тој вишок на наставници кои ќе произлезат од проектот, како ќе биде решен нивниот статус и работни активности.
Според Јаневска така наречениот вишок на наставници ќе биде искористен за учениците да стекнат подобри знаења и како што е познато во одредени институции во државата се со слаб капацитет на луѓе на кои ќе им биде понудено трансфер таму.