Референдум за или против изградба на депонија во Неготино
Неготинчани се пред референдум, на кој ќе се изјаснат дали сакаат регионална депонија во нивна близина.
Од еколошкото друштво „Еко вита“, иницијатор на референдумот, велат дека досега собрале 3.000 и им требаат уште 200 потписи, за да се распише референдумот. Не ги премисли ниту одлуката на Советот на општината, кој пред десетина дена ја поништи електронската аукција, преку која фирмата „П и П индустри“ доби концесија за земјиштето, каде што треба да се гради депонијата.
Екологистите велат дека политичарите го направиле своето, но дека треба да се слушне и гласот на народот.
Тодоров ги отфрли обвинувањата дека иницијативата за референдум е политички мотивирана. Според него, изградбата на регионална депонија на неопасен отпад ќе ја уништи можноста за развој на туризам во единственото заштитено подрачје во општина Неготино.
Градоначалникот на Неготино, Тони Делков вели дека депонија во Неготино нема да се гради. Во целата оваа акција, тој гледа политичка манипулација на опозицијата, која пред десетина години, кога била локална власт, дала одобрение за изградба на депонија.
Проектот за изградба на регионална депонија за неопасен отпад на Криволак е стар повеќе од 10 години, кога Советот на општината донел одлука таа да се гради. Екологистите се сомневаат дека на оваа депонија ќе се складира неопасен отпад. Велат дека списокот на отпадни материи кои ќе се одложуваат тука е голем, така што граѓаните се загрижени дека приватниот инвеститор ќе увезува отпад и од други држави.