Редовни авионски линии на „Визер“ од Малме и Милано до Охрид
Foto

Редовни авионски линии на „Визер“ од Малме и Милано до Охрид

За 20 евра од Охрид до Малме и обратно секој понеделник и петок ќе сообраќаат авионите на „Визер“ од охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“.

Утринава со свечен пречек слета првиот од оваа дестинација кој е најава за отворање уште неколку нови линии кон повеќе дестинации периодов.

„Овој настан значи два нови дојдовни пазари, Шведска и Италија“ - вели Неџат Курт, координатор на Аеродроми во ТАВ Македонија. 

„„Визер“ најави 8 нови линии, очекувам дека ваквите политики ќе ги оправдаат нашите очекувања“ - рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Отворањето на овој директен лет е нова и убава информација за граѓаните од Македонија кои живеат таму затоа што за првпат можат директно без префрлање да слетаат на охридската ривиера. Тие денеска беа свечено пречекани од домаќинот ТАВ, задоволни се и од летот и услугата на операторот.

Од утре почнуваат и летовите за Милано кои пак ќе сообраќаат во вторник и сабота. Согласно новиот договор со македонската Влада за финансиска поддршка за евтини авиолинии од јули ќе бидат воспоставени и другите две линии од Охрид до германските градови Меминген и Дортмунд.

0 Коментари

Остави коментари