Редици пред тријажните центри
Foto

Редици пред тријажните центри

Редици од пациенти кои чекаат за лекарска помош - и денеска ваква беше сликата пред ГОБ „8 септември“. Хаосот пак пред болниците донесе забрана за на новинарските екипи.

При нашата денешна посета на болницата 8 Септември, бевме спречени од обезбедувањето и припрадници на армијата да се приближиме и да ја снимиме ситуацијата во Тријажниот центар.

Од министерството за здравство со известување до медиумите дека отсега тријажните центри и влезовите на болниците ќе се снимаат само со претходно испратено барање до министерството или до здравствената институција. Се правдаат дека одлуката е поради заштита на приватноста на пациентите.

„Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на  ковид центар, тирјажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично ве молиме да се обратите до здравствената институција или Министерството за здравство, како би се организирало снимање или фотографирање, со кое нема да се нерушат паравата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик задравјето на медиумските работници. - велат од Министерство за здравство.

Здружението на новинари на Макеоднија и  новинарскиот синдикат реагираа дека министерството и болниците не смеат да го ограничат пристапот на новинарите, бидејќи известуваат за теми од исклучителен јавен интерес. 

„Истовремено бараме од Министерството да ја повлече одлуката за снимање пред тријажниот центар и околу болницата „8 Септември” само со дозвола од директорот на болницата или Министерството, бидејќи со тоа директно се оневозможува работата на новинарите и фоторепортерите кои известуваат за состојбата со ковид кризата и состојбата во болниците.“ - велат од Здружение на новинари на Македонија. 

Откако последниве денови во јавноста се појавија снимки од гужви пред ковид центрите и неможност на регулирање на толпата пациенти, за прв пат од почетокот на епидемијата, Министерството за здравство им забрани на медиумите да известуваат од тријажните центри без посебна дозвола.

Во меѓувреме Македонија ги надмина и САД на светската листа на земји со најголема смртност од коронавирусот. Во моментов се наоѓа на седмото место во светот и во првте 5 земји во Европа по црнта ковид статистика.

0 Коментари

Остави коментари