Ребалансот во Собрание, се чекаат парите за мерките за олеснување на влијанието од ковид-кризата
Foto

Ребалансот во Собрание, се чекаат парите за мерките за олеснување на влијанието од ковид-кризата

Ребалансот на буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, поради корона-кризата, веќе е на пленарна седница.

Неговото носење ја чека реализацијата на мерките од четвртиот пакет, кој значи поддршка за граѓаните и стопанството, а дополнително со амандманска интервенција е обезбедена и финансиска поддршка за децата без родители.

Пратениците од власта и опозицијата не отстапуваат од веќе искажаните ставови, додека министерот за финансии Фатмир Бесими предупреди дека состојбата кај нас не се разликува во однос на случувањата во светски рамки.

0 Коментари

Остави коментари