Ребалансот на буџетот в понеделник во Собрание, ќе има ли пари за повисоки плати?

Најавата на министерката за образование и наука дека професорите следниот месец нема да добијат покачување на платите, предизвика револт кај синдикатите за образование и наука. Реагираат, дека многу често во општеството се деградирани од повеќе аспекти и дополнително од своите барања нема да се откажат.

Во моментов државата нема простор за покачување на платите на наставницете, но во понеделник пред пратениците во Собранието на дневен ред е ребалансот на буџетот со кој се предвидени средства, односно зголемување на функционерските плати.

„Многу сериозен проблем е тоа што функционерските плати се зголемија за 78%, сега за 15%, па за уште 12%, тоа е инормен раст. Државата од каде ги наоѓа тие пари, јас навистина не знам, очигледно дека има пари, но ако тие пари се прераспределат на овој начин, не може да се потпреме на изреката дека не остануваат пари за работниците. Мора да има пари. Владата ако сака нека си ги зголеми платите и до 1 000%, нам ни претставува проблем што работниците немаат соодветни примања.“ - изјави Томислав Гиевски од Независниот синдикат за образование и наука.

Професор Борче Давитковски аз Тв 24, вели дека во услови кога нема единствен закон за плати во јавниот сектор, секој ја користи приликата за зголемување на својата плата.

„Во летниот период, кога обично се носат закони, тоа значи дека ќе биде на штета на многу луѓе, во корист на малку луѓе. Тоа е обичај во Македонија. Еве наставниците како ги третираме толку и бараме од нив. Најверојатно, ќе останат и до следната година ова време, без покачување на платите, а функционерските плати како што се предвидува согласно зголемувањето на просечната плата во Македонија ќе добијат зголемување. Јас не сум против зголемување и тие треба да земат соодветно нивните ангажмани, но она што е греота и срамота е нивните плати да се чекаат до следната година, за 12%, во услови кога имаме 10% инфлација.“ - вели Давитковски.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се извини за вчерашните изјави кои предизвикаа револт кај граѓаните. Вели дека наставниците треба да го добијат своето место во општеството, да бидат почитувани, треба да го вратат својот дигнитет и јасно е дека платата е една од мотивациите на наставниците за подобар успех во нивната работа. Денеска уверува дека се' ќе сторат ккао МОН и како Влада.

„Според општиот Колективен договор, во септмври годинава, би требало да се нивилираат платите за разликата на инфлацијата. Според министерството за финансии е 0,5%, тоа би значело 200-300 денари покачување на платите на наставниците. Мислам дека на некој начин не само што не е задоволително, туку е и понижувачки. Оттука, мислам дека убаво покачување на платата, тие треба и ќе добијат, можат да добијат во март 2025 година, кога тоа покачување би било 10-12%, во зависност од економската состојба во државата.“ - вели Весна Јаневска министерка за образовани и наука.

Првиот човек на СОНК, вчера реагираше по изјавата на министерката и потенцираше дека СОНК не се откажал од своето Барање. Нивните ставови се почитување на Закон и Колективен договор, од каде произлегува и барањето за усогласување на платите во основно и средно образование за 12,15%.